Уапсен 60-годишник баран по потерница за издржување на затворска казна

На 30.05.2023 во 11.25 часот на улица „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле М.С.(60) од струшкото село Ливада, информираат од МВР.

Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Струга за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Струга за издржување на казната, додаваат од МВР.

31.05.2023 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега