Уапсен жител на Кратово, осомничен за обљуба на малолетничка

Дваесет и тригодишен кратовчанец бил приведен од  полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово поради сомнение дека обљубил малолетничка.

- Во текот на вчерашниот ден,  7 декември 2023 година, во 16.45 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода дваесет и тригодишниот К.Г. од Кратово кој се сомничи дека упатил закани кон малолетничка од Куманово, со која претходно бил во љубовна врска. Истото лице се сомничи и дека извршило полови дејствија врз неа, информира Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

Кратовчанецот К.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

08.12.2023 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега