Убавата манекенка ги покажа модриците откако ја претепал момчето: Завршив во болница (ФОТО)
Белгиската манекенка Антониа Рочус објави низа фотографии на Стори на Инстаграм на кои се гледаат модрици кои ѝ ги нанел нејзиното момче за време на 18-месечната врска па раскажа како нивниот одмос од романтичен прераснал во насилен.
-Не сакам да читам за убиена жена за која подоцна ќе се дознае дека ја убил поранешниот партнер. Ова се моите фотографии пред и потоа. Нема среќна завршница, нема вистинска среќа, само бол и тага. Конечно собрав храброст да ја раскажам својата приказна. Но ова не е сѐ. Од ова излегува посилна од кога и да било, напиша таа.
Таа призна дека бившиот го пријавила во полиција и оти се истражува сомнение за физички напад.
Неговото име не сакаше да го открие, но рече дека се запознале за време на летниот одмор и оти тоа било љубов на прв поглед. Во почетокот тој и давал комплименти, но и поклони, а подоцна станал опсесивен и љубоморен, па ја покажал својата мрачна страна.
-Не смеев да носам шминка и не можев да ја носам облеката која што ја сакав. Својот бес прво го исфрлаше на мебелот, а потоа ме претепа и мене, откри таа.
Еднаш дури завршила и во болница поради злоставувањето.
-Докторот ми рече дека би умрела ако повредите биле потешки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа