Убедливо најдобар трик - месото одрмзнете го за 10 минути на овој начин

 

Eве како веднаш да го одмрзнете месото од замрзнувачот- И килограм мелено месо омекнува за неколку минути

Поради неговиот краток временски рок на траење, повеќето многу ретко месото го складираат во ладилникот и наместо тоа, најчесто неговото место е во замрзнувачот.

Но, замислете си доаѓате од работа доцна, сте планирале за ручек ќофтиња, но веќе е доцна да го одмрзнете месото. Токму за оваа цел, денес ви откриваме фантастичен трик, благодарение на кој процесот на одмрзнување ќе ви одземе само неколку минути.

Како брзо да одмрзнете поголемо парче месо

Чекор 1

Извадете го месото од замрзнувачот и проверете истото да е добро затворено во најлонски плик или ќеса.

Доколку најлонот е оштетен, завиткајте го месото во уште еден плик или друг слој на проѕирна фолија.

Чекор 2

Земете голем сад и наполнете го со вода. Водата не е неопходно да биде врела, доволно е да биде на собна температура.

Чекор 3

Поставете го месото врз метална тава за готвење и притиснете го истото одозгора со тенџере со вода. По 5-15 минути (во зависност од обемот и дебелината на месото), производот ќе биде целосно одмрзнат и готов за термичка обработка.

Трикот се состои во комбинацијата од притисокот и топлината, кои буквално паѓаат во еден вид замка меѓу двете метални површини, кои подеднакво го затоплуваат месото.

20.12.2021 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега