Убиецот Урош приведен во полиција: го донесоа во комбинезон, само со чорапи на нозете (ВИДЕО)

 

Убиецот  Урош Блажиќ, кој синоќа кај Младеновац, недалеку од Белград, уби осум лица, а рани 14, силни полициски сили го донесоа во полициската станица во Смедерево.

Специјалците вооружени го донесоа во бел комбинезон, со лисици на грбот, држејќи му ја главата надолу.  Имаше само чорапи на нозете. Неговата облека е испратена на вештачење.

Како што неофицијално дознава Телеграф.рс, полицијата го одвела да ја пронајде и предаде автоматската пушка од која пукал, па доцна попладнето пристигнал во полициска станица.

Урош Блажиќ утрово е уапсен во близина на Крагуевац откако цела ноќ бегал од полицијата.

Потерата по него траела осум часа, селата околу Младеновац биле блокирани, а тој бил уапсен во петокот наутро околу 8 часот во селото Вињиште кај Крагуевац, каде што живеат неговите роднини. Вујкото и дедото на убиецот потоа биле уапсени под сомнение дека му помогнале да се скрие. При бегството тој упаднал во автомобилот на таксист. Таксистот успеал да пријави во полиција дека го видел убиецот.

 
05.05.2023 - 18:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа