Убиен Црногорецот Ранко Ескобар во Белград, припадник на криминална група, полицијата на терен

 

Ранко Р. (55) е убиен утрово околу 11 часот на бензинска пумпа во Белград, а според порталот „Нова.рс“, станува збор за лице од претходно познато на полицијата, кое, меѓу другите работи, било вклучено и во продажба на блиндирани автомобили.

Неговото име се споменуваше во јавноста во контекст на сопственикот на еден таков автомобил, кој беше пронајден во гаражата на Марко Миљковиќ, десната рака на Вељко Беливук. Ранко Р. во јавноста е познат и како Ранко Ескобар, а по потекло е од Црна Гора. Со полицискиот документ SOCTA бил означен како член на криминалната банда „Никшиќ“.

Голем број полицајци во моментот се во Чукарица, односно на пат кон Рушањ, каде што се случило убиството. Полицијата во Белград запира возила во потрага по напаѓачите.

„Две непознати лица упаднале во бензинска пумпа, односно во кафулето, при што едното истрелало неколку куршуми во правец на жртвата“, изјави еден од очевидците.

09.03.2023 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега