„Убијци“, „Сите сме во ист вагон“ – Грците се судрија со полицијата поради железничката несреќа

Десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Грција а работниците стапија во штрајк во досега најголем број поради смртоносната железничка несреќа во која загинаа 57 лица.

Несреќата на 28 февруари предизвика гнев во јавноста поради распаднатата состојба на железничката мрежа, пренесуваат медиумите во таа земја.

Работниците кои штрајкуваат велат дека се виновни годините на запоставување, недоволното инвестирање и недоволно персонал, наследство од грчката должничка криза. Според проценките на полицијата, повеќе од 60.000 луѓе учествувале на најголемите протести против владата избрана во 2019 година во градовите низ Грција. Повеќе од 40.000 луѓе маршираа до парламентот во центарот на Атина, извикувајќи „убијци“ и „сите сме во ист вагон“.

За кратко време група демонстранти се судри со полицијата, која употреби солзавец кон толпата. Демонстрантите фрлаа молотови коктели и запалија комбе и канти за ѓубре. Неколку илјади луѓе излегоа на улиците на Солун, вториот по големина град во Грција, каде група демонстранти фрлаа камења врз зградата на владата.

Многумина од околу 350 патници во меѓуградскиот патнички воз што директно се судри со товарниот воз додека се движеше по истата пруга беа студенти. Пишете ми кога ќе пристигнете“, пишуваше на постер во Атина. Таа реченица стана една од паролите на протестот минатата недела.

„Лут сум затоа што владата не направи ништо за сите овие деца. Јавниот превоз е во хаос“, рече 19-годишниот Никомати Вати. „Ќе бидеме тука додека не дојде до промена“, рече неговиот колега Вагелис Сомаракис.

Железничарите штрајкуваат од четвртокот, со што железничката мрежа е во застој. Тие велат дека нивните барања за подобрени безбедносни протоколи со години не се слушаат и ветија дека ќе „наметнат безбедност“ за да се спречат повеќе несреќи.

„Ние машиновозачите се жалевме на овие работи, штрајкувавме поради тоа, предупредувавме, протестиравме“, рече првиот човек на синдикатот на машиновозачите Костас Генидунијас.

Ни кажаа дека лажеме, клеветиме, дека имаме други интереси, на крајот се покажа дека работниците биле во право“, додаде тој.

 
08.03.2023 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега