УЕФА поведе постапка против Англиската федерација поради инцидентите на „Вембли“
УЕФА соопшти вечерва дека официјално поведе постапка против Англиската фудбалска федерација (ФА), поради насилното однесување на нејзините навивачи за време на финалето на ЕУРО 2020 на лондонскиот стадион „Вембли“
– По завршувањето на истрагата што инспектор за етички и дисциплински прашања ја спроведе по повод инцидентите за време на финалниот натпревар во кои учествуваа англиски навивачи, во и надвор од стадионот, поведовме постапка против ФА поради кршење на дисциплинските мерки, се наведува во соопштението на УЕФА.
Финалето на ЕУРО2020 во кое Италија на 11 јули во Лондон на пенали ја совлада Англија, го одбележаа голем број инциденти предизвикани од англиските навивачи.
Значителен број од нив успеаја да влезат на „Вембли“ без влезници, а во текот на целиот ден надвор од стадионот физички се пресметуваа со италијанските навивачи, фрлајќи кон нив камења и пиротехнички средства.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа