УХМР со најнова прогноза, еве какво време не очекува оваа недела


УХМР соопшти дека времето утре ќе биде променливо облачно, попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Во Скопје променливо облачно, попладне во делови од котлината со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно, до крајот на работната седмица со повремени врнежи од дожд. Утре локални врнежи ќе има попладне и ќе бидат проследени со ретки грмежи. Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на планините врнежите ќе бидат од снег.

05.03.2024 - 13:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега