УХМР со прогноза за следните денови: Пообилни врнежи од дожд и снег


Времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 30 l/m2), грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и услови за краткотрајно невреме.

УХМР најавува дека под влијание на серија на влажни бранови до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Во петок пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

17.04.2024 - 13:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега