Украдено возило од паркинг во Скопје

 


Вчера во 10.45 часот во Полициската станица Аеродром, Љ.С.(70) од Република Грција пријавил дека во периодот од 02.04.2025 до 09.00 часот на 22.04.2025 од паркинг на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје било одземено патничко возило „фолксваген“ со чешки национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Чешка, во кое имало пари, компјутер и други предмети, информираа од полицијата. 


 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

23.04.2025 - 16:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега