Украина се плаши од руски шпиони - ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците
Украина ја забранува употребата на апликацијата за пораки Телеграм на официјални уреди што ги користат владини функционери, војска и друг клучен персонал поради загриженост за руска шпионажа, соопшти денеска украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана.
Безбедносното тело ги објави новите ограничувања откако Кирил Буданов, шеф на украинската воена разузнавачка агенција ГУР, му претстави на Советот докази за способноста на руските специјални служби да ја следат платформата, се вели во соопштението.
Во соопштението на Советот за безбедност се наведува дека Буданов дал докази дека руските специјални служби можеле да пристапат до пораките на Телеграм, вклучувајќи избришана содржина, како и лични податоци на корисниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа