Украинскиот премиер го честита преземањето на претседавањето на земјава со ОБСЕ

 

Украинскиот премиер Денис Шмихал упати честитки за почетокот на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) од 1 јануари 2023.

– Северна Македонија го презеде претседавањето со ОБСЕ за 2023 година. Честитки до премиерот Димитар Ковачевски. Сметаме на продолжување на соработката со ОБСЕ, натамошна координација и поддршка за Украина, напиша Шмихал на Твитер.

04.01.2023 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега