Ураган во Тексас остави 2 милиони домови без струја

 

Тропската бура Берил, со силни ветришта и дожд, денеска го опустоши Тексас и се упати кон внатрешноста, затворајќи ги нафтените пристаништа и откажувајќи стотици летови, оставајќи повеќе од два милиони домови и деловни објекти без струја.

Берил, најраниот ураган од 5-та категорија во сезоната, ослабе откако го опустоши крајбрежниот град Матагорда во Тексас и се упати кон Хјустон, соопшти Националниот центар за урагани на САД (NHC).

Невремето, кое се очекуваше брзо да ослабне додека се движеше во внатрешноста на земјата, имаше разорно влијание врз Јамајка, Гренада и Сент Винсент и Гренадини минатата недела, при што загинаа 11 луѓе и урнаа згради и далноводи.

Во Тексас, шерифот на округот Харис, Ед Гонзалес, на социјалната мрежа „Икс“ објави дека се верува оти едно лице починало откако дрво паднало врз неговиот дом.

Енергетската индустрија на оваа сојузна држава, најголемиот производител на американска нафта и природен гас, се подготви за последиците од бурата Берил, која ги забави рафинериските активности и предизвика евакуација на некои производствени локации.

08.07.2024 - 20:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега