Уште еден скопјанец дома криел пиштол, пушка и куршуми: Интервенирала полицијата

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.П.(36) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 18.05.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што пронашле и одзеле ловечка пушка, два пиштоли, од кои еден автоматски пиштол, рамка за пиштол и 85 куршуми.

31.05.2023 - 17:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега