Уште едно чудо во Турција: Спасено момче кое поминало 152 часа под урнатините

 

Спасувачките екипи постојано ги извлекуваат луѓето кои се заглавени под урнатините.

Турските спасувачи успеале да го спасат и осумгодишното момче Ахмет.

Ахмет поминал 152 часа под урнатините и само за чудо преживеал.

Детето веднаш било сместено во амбулантно возило и пренесено во болница.

На видеото се гледа дека момчето се здобило со бројни модринки.

Засега не е позната неговата здравствена состојба

Во земјотресот што во понеделникот ги погоди јужните делови на Турција и Сирија, загинаа повеќе од 28.000 луѓе, а десетици илјади беа повредени.

12.02.2023 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа