Усмртиле пешак: Маж и жена лажеле за да избегнат вина- снимките од „Сејф сити“ го уловиле возачот
На 02.11.2024 во 17.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„500“ и ул.„401“ во Марино, скопско, патничко возило „хонда цивик“ со скопски регистарски ознаки, удрило во В.Н.(78) од Марино, а потоа возилото го напуштило местото на настанот.
Во несреќата, од здобиените повреди, на местото на настанот починала В.Н., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на почината било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и биле преземени низа оперативни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото. Прегледани се видео снимки од околни објекти, разговарано е со лице- сведок, како и со лицата кои се сопственици на возилото, кои во службен разговор изјавиле дека го дале возилото на непознато лице без купопродажен договор.
Но, по преглед на снимките од „Сејф сити”, констатирано е дека се работи за лажна изјава на сопственичката на возилото Ј.С. од Скопје, која веднаш е приведена во ПС Гази Баба и признала дека нејзиниот сопруг И.С. (46) го управувал возилото.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа