Утре без струја ќе останат делови од општина Карпош

Без електрична енергија утре од 10:30 до 14:00 часот ќе останат објектите на улица „Драгиша Мишовиќ“, кои се наоѓаат на истата страна со маркетите „Гранап“ и „Рептил“ и фризерското студио „Костадинка“ во општина Карпош.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

24.07.2024 - 13:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега