Утре дожд и грмежи - УХМР соопшти какво ќе биде времето за претстојниот викенд

 

Времето утре променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне во северните и источните делови врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд и ретки грмежи.

Во сабота и понеделник вдолж Повардарието ќе дува засилен северен ветер.

10.10.2024 - 16:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега