Утре е Бадник - празник полн со обичаи, што значи ако по горењето на бадниковото гранче се собере многу пепел

 

Најзначајниот и со обичаи најбогат христијански празник е Бадник.

Иако овој ден се смета пред се за христијански празник, народот го прославувал на начин кој тешко може да се окарактеризира како христијански.

Повеќето бадникарски и божиќни обичаи се втемелени на сознанија дека тие денови почнува Нова година и на верувања дека баш тогаш се одлучува за судбината на куќата и домаќините во претстојниот период.

Речиси сите магиски или култни работи за тие празници биле инспирирани од тежината да се обезбеди среќа и напредок во годината.

 Еве некои од тие стари народни обичаи кои и до ден денес некаде се почитуваат:

– На Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе починуваат без предзнак или невидено

– Не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе

– На Бадник ништо не треба да се позајмува, а она што е претходно позајмено, тоа се бара назад, бидејќи не е убаво она што и припаѓа на куќата да биде надвор од неа за Божиќ

-Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година

-Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.01.2021 - 20:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега