Утро посветено на економската дипломатија и инвестициите: Муцунски се сретна со Македонско-бразилската стопанска комора и МАСИТ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа одвоени средби со Луис Дел Вале, претседател на Македонско-бразилската стопанска комора, и со претставници од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. Главна тема на средбите беше економската дипломатија и привлекувањето странски инвестиции.
Министерот Муцунски истакна дека на средбите се разговарало за механизмите за привлекување странски инвестиции, за активностите на државата насочени кон подобрување на бизнис-климата, како и за конкретните можности за инвестирање во Северна Македонија.
„Се согласивме дека напорите на државата, стопанските комори, но и самиот бизнис-сектор, како дел од поширокиот опфат на економската дипломатија, се клучни за креирање нови работни места и забрзување на економскиот развој“, посочи Муцунски.
Министерот потенцираше дека Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се партнери на бизнис-заедницата. Заклучено е дека во наредниот период заеднички и непосредно ќе се работи на остварување на овие цели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа