Ужас: Струмичанец избодел сограѓанин на улица

 


Вчера во 19.10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.Г.(62) од Струмица.

Тој се сомничи дека околу 17.20 часот на бул.„Ленинова“ во Струмица, по претходна расправија, со остар предмет му нанел убодна рана на М.М.(40) од с.Василево, струмичко.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

19.02.2025 - 15:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега