Ужас: Тетовчанец си ја силувал малолетната ќерка

Вчера попладнето 31-годишна тетовка го пријавила поранешниот сопруг во полиција.

Според пријавата, информираат од СВР Тетово, Ш.И. (36) од Тетово во неговиот дом ја силувал нивната малолетна ќерка.

-На 28.06.2024 во 00.50 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.И. (36) од Тетово, велат од полицијата.

За настанот бил известен јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

28.06.2024 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега