Ужасна несреќа на новогодишната ноќ во БиХ: Осум млади лица се загушиле со плин
Во општина Посусје во БиХ, се случи невидена трагедија во која осум млади лица починаа како резултат на задушување на гас.
Хина известува дека трагедијата се случила за време на новогодишната ноќ, на која присуствувале млади луѓе од Ракитна и Посусје.
Полицијата, обвинителот и другите служби се на лице место, спроведуваат истрага и ги утврдуваат причините за несреќата. Според неофицијални наводи, младите најверојатно се загушиле од гасот од генераторот што ја снабдувал куќата со електрична енергија.
01.01.2021 - 12:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа