Вакцинираните ќе добијат поволности на Тиндер и апликациите за запознавање преку интернет
Тиндер, ОкКупид, Хинџ, Бамбл... сите овие апликации за запознавање преку интернет ќе имаат нови можности за вакцинираните против Ковид-19, најави американската Влада.
-Конечно најдовме нешто што ќе ве направи попривлечни, вакцинација, се пошегува на прес-конференција советникот на Белата куќа за борба против Ковид-19, Енди Славит. Сите овие апликации ги користат повеќе од 50 милиони луѓе во Соединетите Американски Држави.
Во последните месеци, изразот „потполно вакциниран“ веќе се појави на профилите на голем број корисници кои тоа го истакнаа во својот опис.
Белата куќа сака да го поттикне тој тренд во надеж дека ќе ја промовира кампањата за имунизација која во последниот период се забави.
Корисниците на Тинвер на својот профил можат да прикачат значка „Вакцниран“ или „Наскоро вакциниран“. Ќе имаат пристап и до т.н. „премиум“ значки со кои ќе можат да прикажат посебен интерес кон некоја личност.
Вакви слични поволности ќе добијат и корисниците на другите не толку познати апликации за онлајн запознавање. Досега 160 милиони луѓе, или повеќе од 60 отсто во САД примиле најмалку една доза од една од вакцините одобрени таму. Претседателот Џо Бајден сака до 4 јули да стигне до бројка од 70 проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа