Ватикан: Папата повеќе не е во животна опасност

 


Лекарите денеска соопштија дека папата Франциско повеќе не е во непосредна опасност од воспаление на белите дробови, поради што е во болница речиси еден месец, но дека ќе остане во болница уште неколку дена за да ја прими терапијата.

Како што пренесува АП, лекарите додале дека состојбата на 88-годишниот папа е стабилна и дека во последните денови има консолидирано подобрување, што го потврдија тестовите на крвта и позитивната реакција на лекувањето.


Ватикан соопшти дека лекарите ја промениле својата претходна претпазлива прогноза, што значи дека неговиот живот повеќе не е во непосредна опасност по првичната респираторна инфекција со која беше примен во болница на 14 февруари.

Со оглед на сложената клиничка слика, сепак, ќе биде неопходно да се продолжи со медикаментозната терапија во болница уште неколку дена, се додава во соопштението на Ватикан.

11.03.2025 - 13:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега