Вечерва ни доаѓа полната месечина – особено на четири знаци ќе им донесе големи промени

 

Ноќта помеѓу 6 и 7 март небото ќе го осветли полната Месечина во Девица и ни носи специфична енергија со акцент на продуктивноста и желбата за подобрување, по долгата сезона на мечтаење.

Оваа полна Месечина најмногу ќе влијае на Близнаците, Девицата, Стрелецот и Рибите, а еве што му носи на секој од овие хороскопски знаци поединечно.

Близнаци

Полната месечина ќе влијае на вашата четврта куќа на домот и семејството, охрабрувајќи ве да ги анализирате различните начини на кои можете да придонесете за вашиот дом. Иако генерално не се грижите за планирање и организирање, ќе бидете инспирирани добро да ја искористите вашата комуникативна, љубопитна природа кога станува збор за вашиот животен простор. Без разлика дали го реорганизирате мебелот или се подготвувате за целосно реновирање, дефинитивно ќе бидете полни со енергија и желба за акција. Накратко, ова е периодот кога ќе го запоставите деловниот живот и ќе му дадете приоритет на семејниот живот. Внимавајте, можно е да добиете лоши вести во врска со недвижностите.

Девица

Акцентот ќе биде ставен на враќање на вашата продуктивна природа, затоа очекувајте напорен распоред. Подгответе се за кризни ситуации со многу стрес, затоа и понатаму ги ограничувате обврските – за да психолошки издржите сè. Може да бидете расеани и малку „изгубени“ и да започнете повеќе работи во исто време, од кои ниту една не завршувате. Подобро е да ја имате на ум големата слика и да ги завршувате задачите една по една. Може да се соочите со повеќе конфликти во врската со саканата личност.

Стрелец

Ова е периодот кога ќе ги засукате ракавите и ќе вложите големи напори на полето на кариерата или некое хоби. Обично и давате предност на крајната цел пред ситниците, но ова е моментот кога всушност треба да обрнете внимание на малите нешта – не ги занемарувајте. Имајте на ум дека ова не е периодот кога треба да направите посебен план за акција, оставете го тоа за следниот месец. Добрата вест е што ќе добиете покачување или унапредување, но од друга страна, можете да очекувате проблеми во семејството.

Риби

На 7-ми март, полната Месечина ќе ја осветли вашата седма куќа на романтичните врски, поканувајќи ве да се организирате и реорганизирате во оваа област. Овој период ќе биде обележан со вашата желба и потреба да им служите на другите; можеби тоа ќе биде помош за партнерот или вреден совет за пријател. Иако сега е одлично време да бидете достапни на другите и тоа ќе ви се исплати повеќекратно, не ги занемарувајте сопствените потреби. Можно е да дојде до голем емотивен пресврт – веридба или свадба или раскинување; тоа секако ќе биде настан кој емотивно ќе ве потресе.

 

06.03.2023 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега