Вее во цела западна Македонија - Маврово со најмногу снег во моментов
Маврово е местото каде што утрово има најмногу снег. Според мерењето на УХМР во 8 часот утрово во Маврово има 61 сантиметар.
Следна точка во Македонија со најмногу снег е Попова Шапка. И таму во 8 часот утрово се измерени 49 сантиметри снег.
21 сантиметар снег утрово се измерени и во Ларарополе а околу 12 сантиметри има на мерната точка Сливово на превојот меѓу Кичево и Охрид.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила во правец с.Лисец – Попова Шапка, а за останатите возила задолжително користење зимска опрема односно ланци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа