Вереничкиот прстен на Тифани чини цело богаство- познато кое е момчето кое го украде срцето на ќерката на Трамп
Тифани Трамп се вери минатата недела, а прстенот што го доби од нејзиниот иден сопруг сега се проценува на 1.200.000 долари.
Мајкл Було (23) не штедеше кога станува збор за неговата вереница, а овој богат човек има многу интересна позадина. Роден е во државата Тексас, во градот Хјустон. Повеќето деловни активности на неговото семејство се наоѓаат во Нигерија. Неговиот татко е познат бизнисмен, Масад Було, кој меѓу другото е и голем поддржувач на Доналд Трамп (74), кој е воодушевен од нивната љубовна приказна и свршувачка и едвај чекаат на венчавката. Таткото на Мајкл исто така изјави дека Трамп е најдобриот американски претседател во поновата историја.
Мајкл Було завршил факултет во Лондон и сè додека не ја запознал Тифани, тој сакал да се забавува и да менува девојки и не останал долго со ниту една од нив. Постојано патуваше со јахта преку Медитеранот. Меѓутоа, кога ја запозна во 2018 година, сè се смени. Почнаа да се забавуваат, едно доведе до друго и сега уживаат како свршеници. Тој планира да ја преземе работата на неговиот татко затоа што неговиот бизнис оди добро, за разлика од неговиот постар брат кој сака уметност.
Неговиот татко, Масад, е еден од водечките луѓе на групата Фадул. Роден е во Либан. Како млад студент, тој се оженил со Сара Фадул, ќерка на бизнисменот Зухар Фадул, која го запознала со семејниот бизнис. Мајката на Мајкл, Сара, во меѓувреме основала уметничка организација во Нигерија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа