Верниците доаѓаат во Витлеем по повод Божиќ

Градот Витлеем, каде според христијанската традиција е роден Исус, е подготвен да ги пречека верниците кои доаѓаат од целиот свет да го прослават Божиќ во Светата земја според Грегоријанскиот календар. Тој град на западниот брег планира свечености во и околу црквата на Христовото раѓање.

На плоштадот Мангер пред црквата е поставена елка висока 15 метри.

Архиепископот Пјербатиста Пикабала, највисокиот функционер на Римокатоличката црква на Блискиот Исток, утринава пристигна од Ерусалим во Витлеем. Тој ќе отслужи полноќна миса во храмот на Христовото раѓање во присуство на палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Црквата била изградена на местото на раѓањето на Исус во 4 век, но била повторно изградена по пожар што избувнал два века подоцна.

Помалку христијани од Појасот Газа ќе присуствуваат на божиќните прослави оваа година отколку порано, бидејќи Израел им даде дозволи на околу 200 од 900-те луѓе кои аплицираа.

Помеѓу палестинските територии на Појасот Газа и Западниот Брег е Израел, а за да се стигне од една на друга територија потребни се дозволи што тешко се добиваат.

24.12.2022 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега