Весна Дамева си поднесе оставка во Судскиот совет

 

Весна Дамева, претседателка на Судскиот совет, поднесе оставка од функцијата. Таа се заблгодари на членовите на Советот, за кои рече дека имаат интегритет. Според неа, мнозинство во советот се професионалци. Најголем респект посочи дека има за судиите кои не се додворуваат на политичарите. За неа, клучно за повлекувањето биле текстови по портали, со кои се оцрнувала. Текстовите биле за постапка во која странка е компанија на нејзниот сопруг.

„Изминатиот период нема слух кај извршната и законодавната власт за да се обезбеди брза и ефикасна власт, која треба да се обезбеди со финансии, согласностите за 2024 година беа одбиени, финансиите скратени. Политичарите, претсдателот на Владата, изразуваат критики за Судскиот совет, негативен став за судиите.. И сметам дека единственото нешто што ми останува е да го зачувам мојот мир и спокојство. Затоа, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата. Од политичарите, од собраниска говорница се правеа обиди да се наруши мојот интегритет. Мицкоски изнесе наводи дека во Судскиот совет има кланови и се фалсификуваат записници“, рече Дамева.

Според неа, пратеник во Собрание, Антонијо Милошоски, биле изнесени закани со кривична одговорност, толкувајќи правна ситуација. Посочи дека од политичар во власта било најавено дека треба да има измени во Судски совет, а на место на сегашните членови да бидат донесени „нивни луѓе“.

Дамева рече дека кога незакоски ја разрешиле, се мислела дали воопшто да се врати во Судскиот совет.

„Долго, многу долго се мислев дали да се вратам како претседател и да останам на функцијата, бидејќи знаев дека поради однесувањето на одредени членови на советот, ќе има критики и опструкции. На тие членови, ставот не им бил самостоен, иако преку образложенијата, изгледало така“, посочи Дамева.

Според неа, политичарите треба да сфатат, дека судската власт е самостојна и независна.

„Длабоко во себе верувам дека судиите се професионални и непристрасни. На тие кои не се, им порачувам: не си играјте со огнот, ја девалвирате судиската функција која не е занает и трговија, туку значи правораздавање. Очекувано е голем број судии кои правораздаваат сами да се огласуваат, а кацерот од нивните редови, сами да го отстрануваат“, рече Дамева.

Таа ги пофали медиумите за реалното информирање врз основа на факти. Според неа, Судскиот совет бил транспарентен и отчетен во изминатата година.

„Пред вас и само за вас, застанува јавноста, која вистинито треба да се информира. Недозоволиво е да се објави напишан текст од политичар, адвокат, со цел некому да му нарушите углед, да го претставите како нечесен, а уште повеќе да обвинувате судии и јавни обвинители и да влијаете врз нив. Тоа не е дозволиво во секоја демократска држава. Не го зборувам ова бидеќи и јас бев изложена на таква ситуација, туку од почит кон судиите и обвинителите, како и јавноста. Слободата на изразување да се почитува треба од секого“, рече Дамева.

02.12.2024 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега