Весна Петрушевска за Макфакс: Има многу гнев меѓу децата, ги фаќаат за задници, им вадат ножеви, ги тепаат
Фаќање за задник, скубење, удирање, навреди – вака изгледа детството на многумина тинејџери, сведочи актерката Весна Бејби Петрушевска во интервју за „Макфакс“.
„Немаше дете кое не ми раскажа приказна за врсничко насилство. Дете немаше. Сите имаа нешто да ми раскажат, ‘чекај и јас да ти кажам ова имав’, ‘јас да ти кажам она имав’“, посочува Петрушевска за „Макфакс“.
Коментирајќи го масакрот во училиште во Белград, а прашана дали може во Македонија да се повтори нешто слично, таа вели: „Многу брзо, моето чувство е многу страшно и никогаш не ме излажало. Многу има гневни деца“.
Посочи и примери од нејзината актерска школа, каде деца кои се суперѕвезди меѓу младите се малтретирани на улица, па во дел од интервјуто вели: „Оди надвор од зграда на школско игралиште му се собираат поголеми деца му викаат ваков си таков си, па ќе го удрат, го малтретираат, па ќе купи пица, ќе му ја истурат пицата.
„Јас сум видела врсничко насилство и мои деца коишто се удирале со глава затоа што надвор имале деца кои ги претепале оти биле главни во ‘Дајте музика’“, рече Петрушевска.
Целото интервју може да го погледнете тука.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа