Вети дека ќе му биде верна на фудбалерот, но призна и дека сака жени: Оваа секс бомба се сели во Рим заедно со Дибала (ФОТО)
Заедно со аргентнинската фудбалска ѕвезда Пауло Дибала во Рим ќе пристигне и неговата девојка Оријана Сабатини. Додека ги чека лекарските прегледи и потписот, партнерката на новиот играч на Рома, веќе почна да го следи официјалниот профил на клубот на Инстаграм преку нејзиниот профил кој брои над 5,8 милиони следбеници.
Рим е на нозе во очекување на доаѓањето на аргентинската фудбалска ѕвезда Дибала кој привремено беше без работа откако го напушти Јувентус. Секој миг се очекува да потпише договор со ФК Рома.
Но ѕвездата не доаѓа сама. Со него се сели и убавата Оријана, која всушност со него е преселна во Италија од 2018 година, а за првпат ќе живеат во главниот град.
Оријана, е аргентинска манекенка, актерка и пејачка. Љубовната приказна меѓу неа и Дибала започна во 2018 година, по Светското првенство во Русија.
Претходно, поранешниот играч на Јувентус неколку години беше во врска со инфлуенсерката Антонела Кавалиери. Оријана е многу позната во Аргентина, но во Италија е позната главно по врската со фудбалерот.
Од 2018 година, Оријана е многу лојална на Дибала: Од љубов кон фудбалерот ја стави сопствената кариера во мирување и се пресели во Италија. Сепак, Сабатини неодамна призна дека е бисексуалка.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа