Ветрот ја исклучи жичницата на Водно

Жичницата која води од Средно Водно до врвот, е надвор од употреба поради силниот ветер, соопштуваат од ЈСП Скопје.

Жичницата не работеше и во текот на вчерашниот ден.

„Ве информираме дека Жичницата не работи поради силниот ветер. Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, наведено е во соопштението на ЈСП Скопје.

 

30.09.2024 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега