ВИДЕО: 3 милиони луѓе згрозени поради нејзината спална соба - ѝ било мака од валканиот под, па направила промена

 

Една корисничка на Тик Ток ги шокирала своите следбеници кога ја снимила спалната соба.

Имено, во собата истоварала 140 килограми песок наместо тепих, а нејзиното видео го прегледале три милиони луѓе од кои многумина биле згрозени.

-Еве, стигнаа првите 140 килограми. Мислам дека ќе додадам уште толку - рекла таа на публиката.

Целосно шокирани луѓето прашале од каде ѝ е воопшто таа идеја и како може да поднесе целата соба, креветот и се останато да ѝ бидат валкани од песокот.

-Овој песок кој го набавив е многу пофин од обичен песок. Постојано ме нервираше што на подот гледам влакна и прашина, како и валканици кои ги внесувам со чевлите. Сега веќе ги немаме тие проблеми, а и постојано се чувствувам како да сум на плажа - уверува таа.

„Ова е мојата најголема ноќна мора. Јас не можам да верувам дека ова самоволно си го направила“, „Ова е вознемирувачко. Навистина не знам што да кажам“, се само дел од коментарите.

@poopytoomuch

 

 original sound - poopytoomuch

07.06.2021 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега