(ВИДЕО) Ангелов: Од јуни до денеска имавме 2.082 пожари

 

Вкупно 2.082 пожари евидентира Центарот за управување со кризи од јуни заклучно со денешниот ден. Најголем број од нив, 778 пожари на отворено имало во септември, а во првата половина од октомври бројката изнесува 454 пожари. Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, најголем дел од пожарите настануваат од палење на стрништата.

Во вечерашното гостување на Сител Телевизија, директорот Ангелов посочи дека главна причина за 52 активни пожари на отворен простор кои беа евидентирани во текот на вчерашниот ден е сушата.

- Главна причина е сушата, веќе неколку месеци нема паднато дожд и оние неколку наврати кога на некои делови од територијата на државата врнеше дожд, дождот беше многу слаб. Вегетацијата е многу сува, дневните температури се сѐ уште високи. Тоа е една од главните причини поради кои што доаѓаше до појава на пожари и беше тешко нивното гаснење. Ако на тоа се додаде и ветрот кој што постојано дува и го менува својот правец, имаме причина повеќе за тешко воспоставување на контрола, појасни тој.

16.10.2023 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега