ВИДЕО: Автомобил се запали и скоро целосно изгоре пред Влада

Автомобил се запали пред зградата на Владата, на булеварот Илинденска. Засега причините кои го предизвикале пожарот се непознати, а на терен веднаш излезе полицијата која го обезбедува местото. Пожарот брзо се рашири, а автомобилот речиси целосно е изгорен.

На терен, по неколку минути од пожарот, пристигна и возило на Противпожарната бригада. Нема информации за повредени лица, а неофицијално, патниците од автомобилот навремено го напуштиле.

18.03.2023 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега