(ВИДЕО) Бритни Спирс се враќа на музичката сцена во дует со Елтон Џон
Во петокот, Бритни Спирс и сер Елтон Џон го претставија нивниот долго очекуван нов дует Hold Me Closer, кој го комбинира рефренот на песната на Елтон Tiny Dancer (1972) и стиховите од неговиот хит сингл The One (1992) со свежа, денс-поп продукција, и го означува првото издание на Бритни по укинувањето на 13-годишниот конзертаторски надзор.
Пред официјалното деби, сер Елтон (75) ја пушти Hold Me Closer преку звучниците на ресторан во Кан на пренос во живо на Инстаграм („Инстаграм лајфстрим). Во клипот, тој ја претставува песната со бурни аплаузи од гостите во ресторанот пред да почне да пее додека свири.
Бритни (40) се огласи на Твитер во петокот за да го најави својот музички камбек, објавувајќи го новото музичко дело, нејзин прв нов материјал по шест години.
„Оки доки… мојата прва песна по шест години. Прекрасно е што пеам со еден од најкласичните мажи на нашето време“, напиша Спирс во твит.
„Презадоволна сум… тоа е голема работа за мене !!!“
Фановите ја поздравија новата песна, со хаштагот #WelcomeBackBritney, кој е во тренд на „Твитер“. Неколку часа по објавувањето, песната се најде на врвот на Ајтјун-листите во САД и Велика Британија.
Во ноември, Бритни, која стана славна како тинејџерка со своето деби на врвот на топ листите во 1998 година со хитот Baby One More Time, беше ослободена од спорниот надзор над нејзиниот личен живот и финансии цели 13 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа