(ВИДЕО) Деспотовски за Сител: Најголемата инвестиција во Македонија ќе донесе нови 4000 работни места

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски во „Тема на денот“ на Сител ТВ, истакна дека инвестицијата вредна 205 милиони евра е најголемата инвестиција во Македонија од осамостојувањето на Македонија. 

-ЈАГЕО е голема коорпорација која минатата година има остварено приход од 4 милијарди, тоа покажува дека имаме партнер кој е препознаен во Светот.- рече Деспотовски.

Според Деспотовски иако во игра биле и други земји од регионот сепак инвеститорите се одлучиле да инвестираат во Македонија.

-Целокупниот наш пристап беше отворен, од старт ставивме до знаење дека наш интерес и приоритет е бенефитот за граѓаните односно работните места, како ќе бидат платени тие луѓе и секако сакавме да видиме какви очекувани ефекти има за самата компанија за да видиме колку да очекуваме приход во буџетот. -додаде директорот на ТИРЗ.

Деспотовски истакна дека новата инвестиција ќе отвори и нови работни места за младите лица.

Целосното интервју погледнете го тука.

19.04.2023 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега