ВИДЕО: Димитриеска Кочоска: Навредите кон Силјановска Давкова ја потврдија паниката и стравот од пораз кој владее кај Пендаровски и СДС


Исценираните и однапред договорени прашања и одговори од страна на идната опозиција, кои изобилуваат со навреди кон професорката Гордана Сиљановска Давкова дефинитивно ја потврдуваат паниката која владее помеѓу нивните редови, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Се удираат во гради дека се за ЕУ и дека се прозападни, но од тие вредности немаат ништо, голема нула! Со ваков говор ги навредија и политичарите од западот, од ЕУ... Дали се свесни?, прашува Димитриеска Кочоска.

„До крајот на кампањата уште што треба да очекуваме? Дали има дно кое не го пробија?
Почитувани идни опозиционери, додека не си ја промените менталната матрица на која робувате, никогаш повеќе нема да ја добиете довербата на народот.
Македонскиот народ има вредности и принципи, истиот тој народ нема да дозволи да биде претставуван од луѓе како вас.
Доаѓа крајот за навредите и понижувањата!
Македонија ќе биде повторно горда!“, рече Димитриеска Кочоска.

15.04.2024 - 09:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега