(ВИДЕО) Експлозија на бомба во близина на Министерството за труд во Атина

Експлозивен механизам бил поставен во текот на ноќта во центарот на Атина во близина на Министерството за труд на Грција, а од експлозијата е предизвикана мала материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

На експлозијата и претходел анонимен телефонски повик во весникот „Ефимерида тон сидактон“ со предупредување дека е поставен експлозивниот механизам, кој ќе експлодира за 40 минути

Од грчката полиција соопштија дека веднаш откако биле информирани од весникот, го затвориле просторот, а експлозијата се случила во 1.29 часот.

Неофицијално, експлозивниот механизам бил поставен во ранец оставен на тротоар во строгиот центар на Атина наспроти влезот на Министерството и во близина на банка.

03.02.2024 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега