ВИДЕО: Емотивен момент, Џеј Ло едвај ги задржа солзите во емисија

 

Џенифер Лопез гостуваше во популарното британско шоу „The Graham Norton Show“ каде доживеа крајно емотивен момент со еден од нејзините обожаватели.

Лопез изјави дека откажувањето на нејзината турнеја „This Is Me… Live“, која планирала да ја започне во мај, била тежок чекор, а причината ја открила во разговор со Греам Нортон. За време на интервјуто Џенифер Лопез изјави дека ден пред снимањето на шоуто била во Лондон каде го промовирала својот нов филм „Unstoppable“.

Потоа, како што вели, запознала неколку нејзини обожаватели, кои со жалење и кажале дека веќе купиле билети за концертот.

Џенифер се извинила за откажувањето, но еден фан емотивно ја погодил со одговорот.

-Не се извинувај. Те сакаме, бил одговорот на обожавателот кој го пренесе Лопез истакнувајќи дека овие зборови ја погодиле, по што почнала да плаче.

Откако раскажа за оваа ситуација во емисијата, во публиката се појави толку тој обожавател кој Џеј Ло веднаш го препозна.

Емотивниот момент не помина без солзи, а таа објасни дека откажувањето на турнејата и било исклучително тешко бидејќи никогаш претходно не морала да донесе таква одлука.

11.11.2024 - 19:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега