ВИДЕО: Ешли Греам се огласи по непријатното интервју со Хју Грант

 

Хју Грант ги подели гледачите на „Оскарите“ со несоодветно интервју на црвениот тепих.

Овој актер, познат по својата иронична духовитост и сарказам, беше интервјуиран од манекенката Ешли Греам, која се чини не беше подготвена за неговите одговори – или за нивен недостиг.

Во неделата британската ѕвезда беше предмет на смеа, а и на остри критики за неговите безобразни одговори, пренесуваат медиумите.

Еден ден потоа, годинешната водителка на црвениот тепих на „Оскарите“ го коментира интервјуто, кое налути многу гледачи на церемонијата и корисници на социјалните мрежи.

„Знаете што, мојата мајка ми велеше да убивам луѓе со љубезност и добрина, па еве“, изјави кусо Греам за ТМЗ.

Манекенката не сакаше да му испрати никаква порака на актерот, кој беше цел на критики поради интервјуто, но наведе дека е задоволна од своето ново искуство. „Добро си поминав. Нозете ме болеа, но се забавував“, објасни манекенката.

Греам имаше кус разговор со видно нерасположениот актер пред доделувањето на наградите. Хју не се ни потруди да скрие колку не му се допаѓа тој разговор. Манекенката на почетокот го праша кој е неговиот омилен дел од оскаровската ноќ.

„Фасцинантно е. Целото човештво е тука“, рече саркастично Хју и додаде: „Тука е панаѓур на суетата“ (буквален превод на Vanity Fear).

Сепак, манекенката се надоврза на популарната оскаровска забава што ја организира магазинот „Венити феар“. „Да, ‘венити феар’ е главниот настан, таму треба да се опуштиме и да се забавуваме“, му одговори таа.

Се чини дека Хју изгуби секаква волја за разговор.

„Дали навивате за некого вечерва?“, го праша Ешли. „За никој конкретно“, незаинтересирано одговори тој. Таа потоа го праша што носи на него. „Костум“, ѝ одговори тој. Ешли се обиде да го претвори во шега, па праша кој го направил костумот. „Не можам да се сетам кој е кројачот“, рече Грант.

Таа потоа се обиде да го насочи разговорот кон филмот „Нож в грб 2“ . Го праша како е да се глуми во тој филм. „Едвај дури и глумам, се појавувам три секунди“, рече Хју. „Во ред, но се забавувавте“, продолжи очајната манекенка. „Речиси“, ѝ брецна Хју вртејќи со главата и правејќи гримаси.

Интервјуто налути многумина.

„Ешли Греам беше толку фина и професионална со Хју Грант во интервјуто… а тој е ‘шупак’“, „Хју Грант е кретен“, „Згрозен сум што ѝ направи“, „Каков кретен“, се неколку од коментарите на социјалните мрежи.

14.03.2023 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега