(ВИДЕО) Голем пожар во општина Аеродром - загина едно лице


Утрово голем пожар ги разбуди станарите од зграда на улица „Пандил Шишков“ во скопската населба Аеродром. Истиот избувнал рано утрово, а кај надлежните е пријавен во 6.33 часот. За жал во пожарот го загуби животот повозрасно неподвижно лице.

„Утрово во 06.33 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар во стан во зграда на 6-ти кат на ул. „Пандил Шишков“  бр.3 во Општина Аеродром. Екипи на Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот без да се прошири на соседните станови. Во пожарот најверојатно настрадало повозрасно неподвижно лице“, изјавија од Центарот за управување со кризи за Прес 24.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 15 пожарникари со шест противпожарни возила. Командинтот на скопската пожарна Ѕвонко Томевски, потврди дека пожарот е изгаснат и дека пожарникарите полека се повлекувале од местото на настанот.

Повеќе информации за жртвата се очекуваат и од Министерството за внатрешни работи во текот на денот. 

11.01.2024 - 08:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега