ВИДЕО: Големи пожари во Грција, евакуирани околу 300 лица

 

Властите од регионот на Коринт во јужна Грција ги евакуираа жителите на шест села, бидејќи пожарникарите се борат со шумски пожари, соопштија властите во четвртокот.

Нема извештаи за смртни случаи во пожарот што избувна во средата вечерта во малото одморалиште на полуостровот Пелопонез, околу 90 километри од главниот град Атина.

Властите наредија да се евакуираат шест села и два манастира на планините Геранеја како мерка на претпазливост, рече припадник на противпожарната бригада.

„Околу 300 лица се евакуирани“, изјави портпаролот на полицијата Теодорос Хронопулос за Ројтерс.

Повеќе од 180 пожарникари го гаснеа пожарот со 62 противпожарни возила, 17 канадера и три хеликоптери.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 09:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега