ВИДЕО: Гори куќа во Куманово - пожарната доцни
Вистинска тргедија се случи попладнево во Куманово, кога од засега непознати причини се запали и речиси целосно изгоре семејна куќа.
Припадници на МВР веднаш ја затвориле улицата и создале безбедносен периметар, но противпожарни екипи се уште нема.
На видеото што до 24инфо.мк го достави читател, се слуша како граѓани изразуваат револт кон локалната власт, затоа што екипи од противпожарната бригада не се појавуваат да го изгаснат огнот кој се заканува да зафати и соседни објекти.
22.11.2023 - 19:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа