(ВИДЕО) Хаос во Црна Гора: Газда и келнери на бар со столчиња удирале по гостин

 

Во ресторан во будванската населба Рафаиловиќи дошло до жестока тепачка меѓу вработените во ресторанот и гостите.

Како што пренесуваат црногорските медиуми, по расправија со гостин, сопственикот на барот и келнерите зеле столчиња и почнале да го удираат човекот.

Безмилосно го тепале, по што паднал на земја.

Како што пренесуваат медиумите, полицијата земала изјави, но се уште нема детали за инцидентот.

21.07.2023 - 09:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега