(ВИДЕО) Хорор во БиХ: Ученик застрела професорка во училиште
Еден ученик во основното училиште во Лукавац, Босна и Херцеговина е тешко повреден во напад со огнено оружје што се случи утринава.
Како што објавува Klix.ba, пукањето го извршил малолетен ученич, кого полицијата го уапсила.
Инцидентот се случил околу девет часот изутрина во основното училиште во Лукавац, неофицијално, тешко повредена е професорката по англиски јазик Н.О.
За Klix.ba од УКЦ Тузла потврдуваат дека е хоспитализирана пациентката Н.О. со прострелна рана во пределот на вратот. Во моментов е во тек операција.
Исто така, пронајдено е и оружјето со кое го извршил нападот.
Неофицијално дознаваме дека се работи за ученик кој поради лошо однесување бил преместен од едно во друго основно училиште.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа