(ВИДЕО) Историски лет: Кети Пери и свршеницата на Безос со уште четири жени одлетаа во вселената

 


„Блу ориџин“ денеска лансираше шест жени во вселената во ракетата „Њу шепард“, а ова е прв исклучиво женски екипаж кој полета во вселената.

Шестте жени кои полетаа во вселената се пејачката Кети Пери, новинарката Гејл Кинг, Лорен Санчез – свршеницата на Џеф Безос,  Каријан Флин, поранешната ракетна научничка на НАСА, Ајша Боу, и активистката Аманда Нгуен.

Патувањето траеше 11 минути.

Мисијата ја организирала Лорен Санчез, пилот, новинар и потпретседател на Bezos Earth Fund.

„Таа е почестена да води тим истражувачи во мисија што ќе предизвика нови перспективи на Земјата и чест и е да ги инспирира генерациите што доаѓаат“, се вели во соопштението на „Блу ориџин“.

14.04.2025 - 16:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега