ВИДЕО: Избувна голем пожар во Кичево, дејствуваше хеликоптер на МВР

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), денеска дејствуваше на пожарот на отворено во атарот на село Цер, општина Кичево.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и го стопира кракот што се наближуваше да зафати букова шума.

 

21.06.2024 - 18:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега